Instagram воведува опција за онлајн купување преку својата платформата

10.02.2018 | 19:00
Прочитано: 1235

Instagram на корисниците почна да им нуди можност да купуваат онлајн, директно преку платформата, додека се приклучени на оваа социјална мрежа.

Се работи за т.н. „Collection ads“, со коишто на брендовите им се нудат рекламни позиции во „тајмлајнот“ на корисниците. Самата апликација ќе им овозможи на корисниците да ги истражат продуктите што се нудат на продажба и преку Instagram да направат директно купување.

Instagram овие опции ги нарекува „collection campaigns“ и првично беа тестирани на платформата на Facebook, во чијашто сопственост е оваа популарна мрежа за споделување видеа и фотографии.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.