Инспекторат за земјоделство: Нема ГМО во кочанскиот ориз

18.09.2018 | 17:53
Прочитано: 1582

Анализите дека кочанскиот ориз е генетски модифициран не се точни. Иако во домашната лабараторија било утврдено присуство на ГМО, сепак суперанализата на ЕУ не утврдила такво нешто, информираа денеска од Државниот инспекторат за земјоделство.

„Ние во суперанализата баравме квантификација да видиме колку ГМО содржи оризот. Меѓутоа се потврди дека нема ГМО, односно дека нашата лабараторија не беше во право.“ - изјави Благој Индов – директор на Државниот инспекторат за земјоделство.

Повеќе од 500 килограми ориз пак, кои беа запленети минатиот месец, врз основа на домашните резултати се веќе уништени, информираат од Агенцијата за храна. Операторот не барал суперанализа во европските лабаратории. А како е можно резултатите дома и надвор да се различни, ниту првиот инспектор за земјоделство не знаеше да објасни.

„Ова прашање треба да на друго место да го поставите, не можам да ви одговорам јас за способноста и квалитетот на лабараториите.“ - вели Индов.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат ова е не е прв пат, да се добијат различни резултати. Сепак, тврдат дека нема ништо спорно во домашната методологија на испитување бидејќи, лабараторијата во Скопје велат е акредитирана и е кредибилна.

А откако во државата неодамна паднаа и првите казни за нелегална продажба на ГМО производи, Агенцијата побара законски измени за да се зголеми прагот на толеранција. Велат на тој начин полесно ќе се контролира колкаво е присуството на ГМО во секој производ, по примерот на европската пракса. Сепак, останува нејасно како би се контролирала количината на ГМО, со оглед на тоа што македонската лабараторија нема такви инструменти за контрола, но од Министерството уверуваат дека работат на тоа.

 


Ирена Каревска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.