Индијана го шокираше Кливленд, попусто трипл-дабл на Џејмс

16.04.2018 | 12:50
Прочитано: 649

Плејофот во НБА-лигата зема замав, со првите натпревари во кои се случи едно изненадување. Индијана победи на гостувањето кај Кливленд и тоа убедливо, со 98-80.

Виктор Оладипо постигна 32 поена, а Леброн Џејмс попусто имаше трипл дабл со 24 коша, 12 асистенции и 10 скока.

Оклахома победнички ја отвори серијата со Јута, со 116-108, предводена од Пол Џорџ со 36 поени, а Хјустон тесно ја совлада Минесота, со 104-101.

Џејмс Харден беше феноменален со 44 поени, а му помогна Клинт Капела со 24 коша и 12 асистенции.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.