Индијан Велс: Федерер маестрален, Чунг го елиминира Бердих, сензација на Чориќ

13.03.2018 | 14:55
Прочитано: 1302

Светскиот рекет број 1, Роџер Федерер по „брза постапка“ го испрати на трибина Србинот Филип Крајиновиќ со 6-2, 6-1 за осминафинална битка против Џереми Шарди на Индијан Велс.

Федерер се надмина и себе си на овој дуел, освојувајќи 17 поени во низа. Ова е негова 14-та победа по исто толку натпревари од почетокот на годината. Се стреми кон трета титула сезонава, по оние во Австралија опен и Ротердам.

Како бранител на титулата на Индијан Велс, Швајцарецот ќе мора да стигне барем до полуфиналето доколку сака да се задржи на врвот на АТП.

До осминафиналето дојде и Јужнокореецот, Хјеон Чунг откако го надигра Томаш Бердих во два сета (6-4, 6-4). Чунг за противник го има Пабло Куевас, по откажувањето на Доминик Тим.

Сензација во третото коло приреди младиот Хрват, Борна Чориќ по триумфот над Роберто Баутиста Агут со 6-1, 6-3. Во осминафиналето Чориќ ќе игра против Тејлор Фриц, кој го изненади Фернандо Вердаско. Четврто коло изборија уште и Кевин Андерсон и Карењо-Буста.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.