Има или нема договор на транспортерите од Фени со закупецот на комбинатот

21.02.2018 | 17:54
Прочитано: 2011

Пресврт во случувањата со Фени. Откако утрово објавија дека постигнале договор со закупецот Џи Сол, транспортерите на Фени со ново соопштение – договор сепак нема. Велат дека Џи Сол не си стоел на договореното од синоќашната средба кај вицепремиерот Анѓушев, и наместо исплата на целиот долг, утрово им понудиле друг начин на исплата.

„Претставниците на G-Sol не го одржаа ветувањето дека ќе го платат долгот на транспортерите кој го имаат пријавено како побарување во стечајната постапка на Фени, преку Нова логистик. Се обидоа со купување суровини преку Нова логистик да платат дел од долгот, но со тоа воопшто не се исплаќа заостанатиот долг. Исто така, ветувањето кое го дадоа пред вицепремиерот дека ќе ги исплатат заостанатите побарувања кон транспортерите не го одржаа, со објаснување дека тие не можат да плаќаат долгови на Фени, бидејќи тие не се Фени, а тие пари да си ги бараме од стечајната постапка.

Се огласија и од Џи Сол. Според закупецот на Фени, фирмата Нова Логистик, која има побарувања од речиси четири милиони евра од стечајната маса на комбинатот, пари со кои треба да се исплатат транспортерите, се попишманила од синоќешмниот договор.

„Денеска Нова Логистик се откажа од сето она што вчера беше договорено на средбата со посредство на вицепремиерот Кочо Анѓушев.  Денеска не успеавме да најдеме решение, бидејќи Нова Логистик го отфрли предлогот вчера прифатен на состанокот, G-Sol да им помогне на транспортерите, кои неколку месеци не беа исплатени за своите услуги. G-Sol останува на сето она што беше договорено и ветено вчера, со цел да се помогне на транспортерите.

Според првиот човек на транспортерите, Трајче Пеовски, на синоќешниот состанок на транспортерите, Џи Сол и Нова Логиститк, со посредство на вицепремиерот Кочо Анѓушев, било договорено Џи Сол да им исплати на транспортерите 3,1 милион евра, со што ќе го покрие долгот кој претходниот сопственик на комбинатот, холандски Кунико го остави.

„Договориме да ни исплататат Џи Сол, ако не исплатат нема да им ја дадат фирмата.“ - вели Трајче Пеовски – претседател на здружение на транспортери „Кипер“, кавадарци.

Транспортерите синоќа најавија дека протестите ќе ги стават во мирување, но после ваквиот развој на настаните, треба да одлучат дали тие деновиве повторно ќе продолжат.


Владимир Тевчев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.