Илјадници луѓе протестираа во Франција, Шпанија и во Унгарија

15.04.2018 | 17:27
Прочитано: 1913

Иако е недела европа ја тресеа протести. Ррформите во законот за работа предизвикаа масовни протести во француските градови Нант и Монпење по што полицијата привела привела 63 лица. Во нередите се повредени девет полицајци. Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Коломб изјави дека за време на протестите, демонстрантите оштетиле повеќе бизнис објекти и јавни институции.

Во другите градови во Франција, протестите беа мирни и без инциденти. Вечерва се очекува да се обрати претседателот Макрон кој ќе ги појасни реформите во француската економија.

Денеска се протестираше и во Барселона. Каталонските сепаратисти бараатослободување на поранешните лидери на шпанската покраина кои се во притвор и чекаат на судска разрешница по повод учеството во минатогодишната неуспешна намера за одвојување од Шпанија.

Во Будимпешта пак илјадници граѓани протестираа против реизборот на премиерот Виктор Орбан. Сметаат дека изборите се украдени од Орбан и дека корупцијата и злоупотребата на моќта го карактеризираат неговото владеење. Тие побараа пребројување на сите гласачки ливчиња, нов изборен закон, непартиски јавни медиуми и подобро организирана соработка помеѓу партиите што се спротивставија на владата на Фидес.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.