Идната недела започнува со работа новиот филтер во депонијата Дрисла

13.03.2018 | 17:57
Прочитано: 994

На 19 март ќе почне со работа новиот филтер во депонијата Дрисла, а веќе е определена и локација за регионална депонија во Североисточниот регион, најави денеска заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, според кого проценките покажуваат дека во државата има меѓу 66 и 88 илегални депонии, а како што посочи Макрадули, во една општина каде градоначалникот се уште се двоуми, има осум илегални депонии. 

„Апелирам до општините во кои на пример има осум или десет илегагални отпади, да не даваат отпор, туку да ги фатат европските текови и да направиме регионални депонии во кои од ѓубрето ќе правиме профит и од отпадот ќе генерираме работни места кои ќе се грижат на современ европски начин да го менаџираме отпадот “. - вели Макрадули.

Ресорниот министер пак за животна средина и просторно планирање Садула Дураку вели дека за случајот со Дрисла веќе се води постапка и го повика градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов за повеќе детали околу судската постапка. Таткото на град Скопје Петре Шилегов го повика Вишиот управен суд што е можно побрзо да ја донесе одлуката како конечна одлука во постапката за оспорување на договорот со јавниот приватен партнер кој што го има Градот Скопје бидејќи ситуацијата не одговарала никому од причина што немаат формален партнер за следните 35 години за да се креираат заеднички комуналниполитики.

Во Македонија најлесно можеме да постигнеме консензус околу поглавјето 27 и заштитата на животната средина бидејќи тоа не засега сите нас – нагласи Макрадули. Во законите што се подготвуваат од областа на управувањето со отпадот се предвидува да се зголеми опфатот на суровините кои ќе се третираат како што се маслата, гумите и текстилот, а се бара решение и за илегалните собирачи на отпад.


Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.