И покрај сите проблеми, борбеноста не згаснува – Металург тесно поразен во Загреб

13.02.2018 | 21:18
Прочитано: 1032

Ракометарите на Металург за миг повторно заборавија на проблемите со неисплатени плати, па одиграа уште достоен натпревар на гости против Загреб, кој, сепак на крајот ја оправда фаворитската улога и славеше со 30:28.

По одличното прво полувреме, Металург на пауза замина со два негатива (15:13). Иако на моменaти губеше ритам, сепак тимот на Александар Јовиќ беше достоен противник и во вториот дел. Металург многу лесно можеше да извојува реми, иако губеше со четири разика во 56-тата (29-25). Со серија 3 погодоци, дојде на еден разлика, но Загреб со гол во последните секунди ја завери победата.

Јагањац со 9 и Кузмановски со 8 погодоци беа најистакнати во нападот, а одличен беше и Томовски на голот со 10 интервенции.

Ова беше осми пораз за Металург во 14 настап, по кој остануваат на седмото место со пет победи и едно реми. До крајот на сезоната ќе одиграат уште четири натпревари, почнувајќи од гостувањето кај Горење Велење на 27. февруари.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.