И Пипа Мидлтон чека бебе

24.04.2018 | 10:28
Прочитано: 1671

Во пресрет на породувањето на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, и нејзината сестра Пипа и соопшти на јавноста дека е бремена.

Се би било како во кралска бајка, да не беа обвинувањата за силување кон свекорот на Пипа, мултимилионерот Дејвид Метјуз (74), дека извршил две силувања во 1980-ите години.

Пипа, која стана позната во јавноста кога практично ја засени својата сестра Кејт Мидлтон за време на нејзината венчавка со британскиот војвода Вилијам, од лани е во брак со Формула 3 тркачот и бизнисмен Џејмс Метјуз.

Неговиот татко, Дејвид, пред три недели беше уапсен на парискиот аеродром, поради обвиненија за сексуални напади. Една од жените кои го обвинуваат Дејвид Метјуз била на 15-годишна возраст, кога била нападната. Метјуз ги отфрла обвинувањата како невистинити.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.