Холивуд веќе подготвува филм за спасувањето на тајландските момчиња

10.07.2018 | 13:04
Прочитано: 1545

Двајца американски филмски продуценти заминале во Тајланд, на местото каде е во тек акцијата за спасување на момчињата кои се блокирани во пештерата, јави Би-би-си.

Мајкл Скот и Адам Смит од компанијата Пјур-Фликс веќе разговарале за можен филмски проект. Прашан дали нивниот потег е невкусен, со оглед на драмата која се уште трае, Смит изјави дека „ќе дојдат и други продукциски куќи, па мора да бидеме брзи".

Спасувачите се подготвуваат за третата фаза од спасувањето.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.