Хјундаи повлекува речиси 50.000 возила „Санта фе“ од американскиот пазар

10.03.2018 | 20:59
Прочитано: 2191

Хјундаи повлекува 43.491 возило од моделите „Санта фе“ и „Санта фе спорт“ од американскиот пазар, поради воланот - тестовите покажуваат дека има голема опасност тој да се скрши и откачи при возењето.

Во соопштение од компанијата се наведува и дека главен виновник за оваа состојба е доставувачот и дека другите Хјундаи возила го немаат тој проблем.

Спорни се моделите „Санта фе“ произведени во периодот меѓу јуни и декември лани, во Јужна Кореја, како и „Санта фе спорт“ што се произведувал во фабрики во Алабама и Џорџија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.