Хан: Обединувањето на Европа целосно по приемот на Западен Балкан

08.02.2018 | 12:12
Прочитано: 1261

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан изрази  уверување дека обединувањето на Европа што почна во 1989 година, може да биде целосно само по пристапувањето на Западен Балкан.

Тој на конференција стратегија за Западен Балкан - отворање на патот кон членство во ЕУ  нагласи дека Европската унија  е проект на мирот, стабилноста и просперитетот  што може да биде целосен само ако Западен Балкан стане дел од Унијата.

Тој порача дека во фокус на тој процес е владеењето на правото што е темел на Унијата.  Хан говорот го почнал со потсетување на зборовите на претседателот на ЕК од минатиот септември дека иднината на ЕУ не е само во 27 членки и дека стратегијата за проширување која е усвоена овие денови ја става засекогаш вон сомнежи европската перспектива за регионот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.