Хан: Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција

13.06.2018 | 20:02
Прочитано: 3512

Еврокомесарот за проширување Jоханес Хан  го повикува претседателот Ѓорге Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција. Во интервју за државната МИА, Хан вели дека претседателот има специјална позиција и одговрност.

– Не е соодветно за претседател на држава, да одбие да разговара со премиер, со министер за надворешни, за да добие информации од прва рака. Мислам дека премиерот и министерот за надворешни целосно ги почитуваа уставните насоки и можам само да го повикам итно претседателот да преземе одговорност. Ова не е прашање на прифаќање, но во демократија може да очекуваме да се слушаат луѓето меѓусебно и да дискутираат и не треба да се заборави дека шеф на држава е на некој начин модел за многу луѓе во една земја. Претседателот како директно избран има специјална позиција и одговорност и треба да е свесен за тоа, инаку и наштетува на функцијата - изјави Хан.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.