Хан: Без решение за името, вратата за ЕУ ќе се затвори за децении, ако не и засекогаш

14.09.2018 | 18:42
Прочитано: 6138

Договорот со Грција е уникатна шанса за отворање на вратите на ЕУ и НАТО за Македонија порача Германскиот шеф на дипломатијата Михаел Рот од Охрид на средбата со неговиот македонски колега Никола Димитров.

На две недели пред престојниот референдум Германскиот министер за надворешни работи  за Европа исто така рече дека ги охрабрува македонските граѓани да ја прифатат оваа како што рече историска можност што пак само по себе ќе значи дека македонците се посветени на демократијата и нa патот кон евроатланските интеграции.

„Македонците пишуваат историја, не само национална, туку и европска. Со догвоорот што се постигна со Грција, наскоро очекувам Македонија да  ја видам во семејството на пријатели на ЕУ и НАТО.“ - изјави Михаел Рот Министер за надворешни работи на Германија за Европа.

Министерот  Димитров пак посетата на Рот но и на Германската канцеларка Меркел,  која минатата недела го посети Скопје ги оценува како поддршка која доажа од страна на Македонија за земјава да застане рамо до рамо со сите земји од унијата. Тој исто така изрази надеж оти на 30 септември иако влогот за референдумот е голем, сепак ќе успее.

„Пораките се јасни. Никој не знае дали оваа наша генерација ќе има следна шанса. Јасно е дека договорот тешко поминува во Грција. Ние сме Македонски и зборувам на македонски и ЕРвропскиот парламент застана на нозе за европска Македонија и ние исто ќе застанеме на нозе за оваа казуа.“ - изјави Никола Димитров Министер за надворешни работи на Македонија.

Во насока пак на финансиска поддршка на земјава дел од дипломатскиот кор кој ја посети денеска беше и високиот претставник од МНР на Норвешка  Аудун Халворсен кој пак му беше гостин на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. Заеднички порачаа дека овие два милиони евра грант  сретствата ќе бидат искористени за втората фаза на земјава во евроинтегративните процеси.

„Дел од тие сретства ќе бидат дадени на секретаријатот за веропски прашања и тоа за подготвување на државата за воспоставување на мрежа за преговори со ЕУ.“ - изјави Бујар Османи Министер за Европски прашања.

На тема евроинтегративните процеси но и договорот со Грција во интервју за МИА се огласи и Еврокомесарот Хан кој пак посочи дека договорот со името можеби не е сто процентна гаранција за земјава но доколку не се реши истиот земјава со децении ќе остане изолирана. Сепак, додава оти е оптимист дека токму граѓаните на референдумот ќе ја донесат вистинската одлука.


Гаврил Сирачевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.