Хаџимишев обвинува за лажен стечај на ТЕ-ТО и грабеж на 30 милиони евра со помош на државни институции

21.09.2018 | 17:21
Прочитано: 4604

Организиран криминал поддржан од високи моќници и судии го аминуваа лажниот стечај на ТЕ-ТО - обвинува првиот човек на Топлификација, Хаџимишев. Тврди дека судски иако постапката е завршена ќе има кривична одговорност зошто случајот го чешла и Финансиската полиција.

Со лажениот стечај и план за реорганизација кој го потврди и Апелација се предвидува ТЕ-ТО да отпише 152 милиони евра долг кон доверители, меѓу кој 40 милиони се на домашни фирми и банки, а 30 милиони на Топлификација.

Хаџимишев обвинува за непазарно работење на ТЕ-ТО и ги повикува институциите сериозно да преиспитаат кој и зошто го условувал ТЕ-ТО да купува природен гас од оф шор компанијата „Синтез груп енерџи“ и да продава електрична енергија на македонска фирма која мора да ја продаде надвор повторно на дефинирана фирма.

Од  „ТЕ-ТО“ пак тврдат дека работат законски, а со планот за реорганизација не се оштетени доверителите.

„Со планот за реорганизација не само што не се оштетени доверителите, како што се тврди неосновано, туку напротив овозможува најдобра заштита на интересите на доверителите, поради што тие го поддржаа со огромно мнозинство“ - соопшти ТЕ-ТО.

Хаџимишев пак бара од надлежните институции да го одмотаат клопчето покрај за постапките за лажниот стечај така и за сомнежите дека незаконски се одлевале пари од ТЕ- ТО  надвор.

Инаку Топлификација поседува 10,8 отсто од Те- То, а главен акционер со 89,2 отсто е руски Битар Холдингс Лимитед. Тоа е истата компанија која поседува 16,6 отсто од акциите на Топлификација, а е и доминантен сопственик на Балкан енерџи груп, фирмата која ги снабдува скопјани со топлинска енергија.


Александра Филиповска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.