Гугл ќе инвестира во кинескиот интернет трговски сајт JD.com

18.06.2018 | 18:29
Прочитано: 790

Гугл најави дека ќе вложи 500 милиони долари во кинеската компанија за интернет трговија JP.com, со што се очекува дополнително да се вжешти судирот меѓу гигантите како Амазон и Алибаба за азискиот интернет пазар.

JD.com е во сопственост на кинеската социјална медиумска група Тенсенет и американскиот синџир на супермаркети Волмарт. Нивната соработка со Гугл ќе значи поголема застапеност на производите што ги нуди JD.com на платформите на Гугл. Во глобална рамка, се очекува овој договор дополнително да ја искристализира поделбата на интернет пазарот меѓу трите најголеми играчи - Амазон, Алибаба и Гугл/Волмарт.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.