Гугл го пушта „Android Things“ за домашни апарати

08.05.2018 | 13:05
Прочитано: 1086

Гугл даде старт на нов наследник на својот оперативен систем Android за домашни апарати и други традиционални машини. Новиот систем се нарекува „Android Things“ и има задача да ги „преземе“ домашните апарати, по релативно доброто претставување на други верзии на Андроид - за автомобили, паметни часовници и телевизори.

- „Android Things“ најверојатно ќе го вклучува виртуелниот асистент „Google Assistant“ во верзија за секој уред - од фрижидери и роботи до фискални каси и вендинг машини. Целта со новиот оперативен систем е да се направат овие уреди побрзи, поевтини и побезбедни, вели Венкат Рапака, директор во Гугл, пред Ројтерс.

Верзиите на Android имаат за цел да им обезбедат на корисниците уникатен интерфејс за различни уреди. Со ова Гугл и неговите деловни партнери се надеваат дека ќе обезбедат дистрибуција на нивните апликации.

Додека Гугл не бара надомест од производителите на Андроид, компанијата очекува да генерира пари од корисници кои користат нови уреди за пребарување, гледаат видеа на YouTube и купуваат содржини од продавницата на Google Play.

Оперативниот систем на Андроид „храни“ многу од паметните телефони во светот и ги испровоцира корисниците да користат платени апликации во Гугл. Но сега од гигантот се обидуваат да ја прошират доминацијата на Андроид во други области, велат техничките и финансиските аналитичари.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.