Груевски: Судењата се театар на апсурдот

13.03.2018 | 14:06
Прочитано: 2472

Ако се работи согласно закон не само што не треба да ме осудат, воопшто не требаше да има судење, изјави поранешниот премиер Никола Груевски кој денеска се појави во Суд како обвинет во случајот Насилство во Центар“.

„Судот од старт требаше да ги отфрли овие обвинувања. Ова стана еден вид театар на апсурдот. Кога имате заробено судство и не се работи според закон се е можно, но да оставиме можност за судиите да работат по закон“, изјави Груевски пред Кривичниот суд во Скопје каде што денеска се одржа рочиште за „Насилството во Центар“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.