Груевски доцнеше на суд, Фетаи побара да биде приведен - не изостана и кавга

10.10.2018 | 17:51
Прочитано: 4835

 Не наврдуваа дека сме антихристи, фрлаа со домати, јајца, компири, имаше повредени, бешекако воена зона- вака сведочеше поранешниот претседател на советот во Општина Центар за „нарачаните шамари“ пред 5 години. Мирослав Шиповиќ детално објасни како почнале протестите.

Дирекно ја посочи пратеничката Даниела Рангелова и уште тројца советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ дека за време на седницата постојано контактирале преку телефон.

„Советниците од ВМРО-ДПМНЕ беа постојано со телефонот и комуницираа. Јас кога ќе речев дека почнуваме со работа, канонадата од мавање почнување и штом ќе кажев пауза, канонадата престануваше.“ - изјави Мирослав Шиповиќ -сведок, поранешен претседател на советот на општината.

Прашан од обвинетиот Миле Јанакиевски колку членови  на СДСМ биле организирани да присуствуваат на протестит, Шиповиќ одговори дека  имало членови на СДСМ кои се вработени во општината и биле заедно со нив внатре,но немало контра протести.

Но и ова судење не помина без препирка. Обвинетиот Никола Груевски искоментира дека Фатиме Фетаи зборувала без да добие право на збор. Обвинителката му возврати.

„Многу сте вие расположени со оглед дека ви се ближи времето“. - му одговори Фетаи.

„Нема потреба да се грижите за моето расположение“. - одговори Груевски.

„Се грижам за здравјето и расположението на обвинетите. Поминаа тие времиња кога не можеше никој да му возвраќа“ - возврати Фетаи.

На почетокот на рошиштето, Фатиме побара Груевски да биде присилно приведен, бидејќи бил уредно повикан, но не дошол.  По тоа тој сепак пристигна со 20 минути доцнење.

На барање на Фетаи судот одлучи да ја раздвои постапката во овој предмет и одделно да му се суди на обвинетиот Митко Пецев, кој денеска по втор пат на се појави на рочиште, поради влошена здравствена состојба. Адвокатите го оправдаа неговото отсуство со потврда од доктор за скршеница на пршлен.

За нарачаните шлаканици за екс градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски,
како нарачатели обвинети се Груевски, Рангелова и Миле Јанакиесвки, но и уште 9 лица, од кои двајца признаа вина.


Елена Милошевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.