Груби:Законот за јазици ќе се глaса следниве денови,амандманската расправа заврши

23.02.2018 | 23:22
Прочитано: 2034

 

Законот за јазици ќе се гласа следниве денови, амандманската дебата за законот е завршена. Пратеникот на ДУИ Артан Груби во 24 анализа вечерва отворено најави дека нема да има дебата за 35 569 амандмани на ВМРО ДПМНЕ.

Тврди дека дека со амандманите ВМРО ДПМНЕ прави лажен патриотизам и дека истиот закон бил прифатен и од нив во преговорите за составување Влада.

Шефот на кабинет на ДУИ тврди дека за мислење на венецијанска комсија ќе бидат пратени едоинствено спорните одредби, за униформите, банкнотите и хартиите од вредност, но не и целиот закон како што тврдат од СДСМ.

Груби вели коалицискиот договор со СДСМ не бил за целиот закон да оди на венецијанска комисiја.На партнерите им порача дека „зборот е збор“.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.