Грчките медиуми го објавуваат договорот со Македонија

13.06.2018 | 22:20
Прочитано: 3129

 19 страници - грчки „Катимерини го објави интегралниот текст на договорот за името меѓу Македонија и Грција.

Во Грција, договорот веќе им е поделен на лидерите на политичките партии, а се очекува в петок премиерот Алексис Ципрас во Парламентот да брифира за сите аспекти на договорот. Mакедонската страна најави обајвување на истиот во текот на утрешниот ден по завршувањето на владината седница.

Во текстот на кој треба да стават потпис двајцата премиери, двете земји се пишуваат како „прва” и „втора” страна, понатаму пишува дека официјалното име на Втората страна ќе биде „Република Северна Македонија” што ќе биде уставно име на Втората страна и ќе се употребува ерга омнес, како што е предвидено во оваа Спогодба. Скратеното име на Втората страна ќе биде „Северна Македонија”.

Во наредниот член стои дека државјанството на Втората страна ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, како што ќе биде заведено во сите патни документи.

„Официјалниот јазик на Втората страна ќе биде ‘македонски јазик’, како што е признаено на Третата конференција на ОН за стандардизација на географските имиња, одржава во Атина во 1977 година”, се наведува во текстот.

Термините „Македонија” и „македонски” дополнително се објаснуваат.

Што се однесува до кодот за земјата на регистарските таблички на возилата на Втората страна ќе биде NM или NMK, а за сите други намени кодот на земјата останува да биде МК и МКД.

 


Сандра Бошковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.