Грчки политичари во центар на фармацевтски скандал

07.02.2018 | 09:35
Прочитано: 943

Грчкиот парламент ги објави имињата на двајца поранешни премиери меѓу кои и Андонис Самарас и осум екс министри, вклучувајќи го и гувернерот на централната банка Јанис Стурнарас и еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос како вмешани во голем фармацевтски скандал, јави агенцијата Асошиетед прес.

Швајцарскиот фармацевтски гигант „Новартис“ , според истрагата од 2006 до 2015 година, ги подмитувал грчките функционери со цел во грчките болници да биде зголемен бројот на рецепти на негови лекови.

Истрага се води и против директорот на огранокот на  „Новартис“ во Грција на кој му е забрането да ја напушти земјата. „Ова е голем скандал кој го запрепасти грчкото општество“, изјави портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.