Граѓанските организации бараат да бидат консултирани пред проектирањето и изградбата на инфраструктурните објекти

17.04.2018 | 13:03
Прочитано: 899

Граѓаните да бидат консултирани, пред проектирањто и изграбата на јавните инфраструктурни објекти но и за тоа како и на што се трошат јавните финансии, побараа невладините организации на регионална конференција во Скопје организирана од аналитика тинк тенк на која учествуваше и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Според презентираната студијата „Јавна инфраструктура во југоисточна Европа - во чиј интерес е?“ граѓаните речиси и да не се вклучени при носењето одлуки за изградба на автопатишта, железници и хидроцентрали иако се засегнати за овие проекти повеќе и од самата држава.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.