Граѓанскиот сектор бара да биде вклучен во одобрувањето на следење на комуникациите

15.12.2017 | 17:15
Прочитано: 986

Овој прислушкуван разговор беше првиот од низата разговори кои го разоткрија масовното прислушување на граѓаните од страна  на државните служби. По двегодишна длабока политичка криза, новите власти се пред клучниот предизвик – како да стават крај на нелегалното прислушување.

Граѓанскиот сектор е незадоволен од дел од новите предлози. Неколку одредби не се во согласност со европските извештаи, а новото тело повторно ќе има директен пристап до телекомуникацискиот систем на сите граѓани. За да не биде се исто како порано, предлагаат и Дирекцијата за заштита на личните податоци и Народниот правобранител да вршат контрола.

„Предложените законски текстови не одговараат на препораките дадени од ЕУ во смисла дека треба да се отстрани директниот пристап на државните органи до  целокупниот телекомуникациски сообраќај на граѓаните. Предложените законски решенија се спротивни на уставот кои што велат дека пристапот  до телекомуникацискиот сообраќај на граѓаните можат дасе оствари само врз основ на судска наредба. Со предложената реформа само се креира еден нов центар на моќ наместо УБК сега ќе се вика ОТО“, вели Александар Николов – Зенит.

„Вклучувањето на народниот правобранител и Дирекцијата за заштита на личните податоци во овој круг на институции  би било еден од предизвиците, бидејќи сметавме дека кога секој ќе има парче од информацијата, а никој ќе ја нема цела  ризикот за злоупотреба на приватноста на граѓаните и од она што се соочувавме во изминатиот период ќе биде многу намален“, вели Лилјана Пецова Илиеска – Метаморфозис

„Ние ги имаме истите институции и МВР и Владата и УБК кои што до пред некоја година беа обвинети за тешки нарушувања  на човековите права и злоупотреба на институциите и криминални дејствија. И сега практично ги имаме истите институции, се разбира без раководнитекадри,  но со истите луѓе кои треба да ја спроведат реформата“, вели Гордан Георгиев – Институт за општествени и хуманистички науки

На дебатата на граѓанскиот сектор, претставничката на МВР ги бранеше одредбите од новиот предлог. Димановска истакна дека во надзорниот процес ќе бидат вклучени повеќе државни институции, како и Совет на граѓани, а предложените реформи се изготвуваат со помош на европски експерти.

„Поддршката и од самите експерти  кои беа вклучени во надзорот  кои што беа дел од групата на господинот Прибе. Никој од нас не би се согласил да ја спроведе реформата, тајна реформа“, вели Светлана Влаховиќ Димановска – началник на Сектор за преговори во одделот за ЕУ и меѓународна соработка

Според граѓанскиот сектор, иако времето е кратко, мора да се посвети повеќе внимание на проблемот за да не се случи реформите во следењето на комуникациите да бидат козметички намести суштински. Предложениот текст за реформи, надлежните во понеделник ќе го достават до Собранието.


Кристина Атовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.