Граѓаните се потешко ги подмируваат сметките, извршителите тропаат почесто на врата

09.11.2012 | 19:22
Прочитано: 2549

Во првите девет месеци од годинава вкупната вредност на паричните и непаричните долгови кои извршителите ги наплатиле изнесува речиси 60 милиони евра.

Ова за Тренд го обелодени првиот човек на комората на извршители Горан Станковиќ, кој не очекува намалување на  бројот на предмети до крајот на годината.

Но она што загрижува е дека од година во година се потешко се плаќаат сметките за струја, вода и парно. Слабее финансиската кондиција на граѓаните.

„Да кажеме дека некој должи 10 илјади денари. Ако порано во неколку рати го подмируваше долгот. Сегоа доаѓа и прашува дали има можност по 1000 денари да плаќа за да го отплати“ изјава Горан Станковиќ, претседател на Комората на извршители.

Дека граѓаните имаат се помалку пари за да си ги подмират сметките, потврдува и податокот дека 50% од предметите на извршителите се по барање на ЕВН, Телеком и Водовод за наплата на долгови.

„50 % од предметите кои ги примаме отпаѓаат на комуналните претпријатија“ изјава Антонио Коштанов, Извршител.

Клучните причини кои го зголемија бројот на предмети за присилна наплата на долговите на граѓаните се лоцираат во економската криза, но континуираниот пораст на трошоците на живот кои го топат стандардот на граѓаните и ја слабеат финасиката кондиција.


Марина Узунов

Коментари (3)

Далај Лама

ИМА НОВ ПРОЕКТ НА ВЛАДАТА НА РМ--У СЕКОЈ СТАМБЕН ОБЈЕКТ,ПОКРАЈ ПРОСТОРИЈА ЗА КУЌЕН СОВЕТ,ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ И КАНЦАЛАРИФЧЕ ЗА КУЌЕН ИЗВРШИТЕЛ,ДА НЕ СЕ МРЦВАРАТ ЛУЏЕТО ПО ПАТИШТА........

Alekso

tie se najgolemite krvopii, naplakjaat od dolzhnikot 100 evra i nagore (plus procent) za nivni "troshoci".
gi napravija izvrshitelite novi burzhuji.

Анонимен

Мора да сте грешка,па слушајте СИТЕЛ и Латас ќе Ви каже дека супер живееме,овде како да е Швајцарија,ама народот така си бира и нема што да се мешаме ,си сака овој народ да си го лажат,па нека си ужива во државичката наша.....

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.