Граѓаните немаат лекови на рецепт на крајот на месецот, директорот на ФЗО го нема никаде

26.09.2017 | 17:44
Прочитано: 4627

Со рецепт не, само на приватно“ - ова велат граѓаните е одговорот што го добиваат во аптеките после 15-ти во месецот. Дел од оние кои ги анкетиравме се жалат дека при крајот на месецот принудени да купуваат на приватно, по повисока цена. Велат не сите имаат пари да ги платат лековите. 

Како што ни објаснија дел од анкетираните, во аптеките најчесто не можат да се најдат антибиотици, а нема ниту терапии за хронични болести. Граѓаните велат дека се плашат да се разболат после 15-ти во месецот. 

ТВ 24 побара одговори од првиот човек на Фондот за здравство – Данаил Дончев, кој неодамна седна на директорското столче. Како планираат да ја надминат состојбата со недостаток на лекови на рецепт по 15-ти во месецот и дали е можно воспоставување на систем што ќе овозможи лековите да им се достапни на осигурениците во текот на целиот месец – одговор од Фондот до емитувањето на овој прилог не добивме.

Решавањето на овој проблем беше едно од итните прашања со кои новата реформска влада велеше дека ќе се зафати.

„Новата реформска влада веднаш по формирањето ќе се зафати со решавањето на овој проблем за да се надмине состојбата со недостатокот на лекови и да има зголемена достапност на лекови.“ - вели Злате Мехмедовиќ, Директор на Здравствен Дом Скопје. 

Според Европскиот здравствен потрошувачки индекс, 75 проценти од вкупната продажба на лекови во Македонија паѓа на товар на граѓаните, а само 25 проценти на товар од Фондот за здравство.

 


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.