Градоначалникот на Ѓорче Петров тврди дека смената на наставниците е законска

22.01.2018 | 13:01
Прочитано: 5763

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски во врска со бојкотот на наставата од второ полугодие од страна на родители на деца од 2А одделение од ООУ “Димитар Поп Георгиев-Беровски”, тврди дека смената на неколкумина наставници била законска.

Тој во писмена реакција за јавноста вели дека договорите за работа на неколкумината наставници им истекле.

„Процедурата од добивање согласност од Министерството за образование и наука за распишување оглас, до избор на стручни кандидати кои се пријавија на огласот, па се до склучување договори со нив е според законската регулатива. Во консултација со в.д. директорот, информиран сум дека станува збор за избор на квалитетни одделенски наставници (продолжен престој) кои навремено беа поставени на место на неколкумина од ова училиште на кои им истекоа едногодишните договори за работа на определено време. Истовремено, наставата од второ полугодие почна без проблеми во сите останати училишта на територија на општината, вклучувајќи ги и оние каде имаше промена на кадар, односно станува збор за бојкот на родители од едно одделение“, се вели во одговорот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.