Горивата поевтинуваат за 1,5 денари по литар

11.06.2018 | 13:53
Прочитано: 5017

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,35, односно 2,27 отсто.

Новата малопродажна цена на еуросупер бс-95 изнесува 72 денари за литар, еуросупер бс-98 ќе се продава за 74, еуродизел за 63,5, а екстра лесното масло за домаќинство за  52,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,74 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот м-1 нс и ќе изнесува 33,785 денари за килограм.

Како причина за намалувањето на малопродажната цена на нафтените деривати  се  посочуваат за 4,75 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.