Голема победа на Путин - Уште шест години во Кремљ

19.03.2018 | 12:01
Прочитано: 1012

Владимир Путин убедливо победи на претседателските избори и ќе ја предводи Русија уште шест години. Новиот мандат му го доверија над 50 милиони избирачи, односно рекордни околу 77 насто.

Втор е кандидатот на Комунистичката партија Павел Грудинин, а трет лидерот на Либерал демократите Владимир Жириновски. Путин им се заблагодари на граѓаните за поддршката, велејќи дека во таа поддршка гледа доверба од граѓаните и надеж за натамошен развој на државата.

„Гледам во ова минимум признание за она што го направив претходната година во сложени услови. Гледам во ова доверба и надеж дека ќе продолжиме да работиме интензивно и одговорно“, изјави Владимир Путин – претседател на Русија.

Тој ги повика Русите да го одржат единството.

„Многу е важно да ги привлечеме оние кои гласале за другите кандидати на моја страна. Потребно ни е единство за да тргнеме напред“, рече Путин.

На изборите учествуваа вкупно осум кандидати. Лидерот на опозицијата Алексеј навални повика на бојкот на претседателските избори.

Централната изборна комисија му забрани да учествува на изборите поради судски процес кој заврши со обвинителна пресуда. Изборите беа одржани на денот кога се навршуваа точно четири години откако Крим и Севастопол беа анексирани кон Русија, што западните земји го оспоруваат барајќи почитување на територијалниот интегритет на Украина.

Сегашниот лимит од два последователни претседателски мандата значи дека Путин не е во можност повторно да се кандидира во 2024 година без да го менува Уставот.

Сепак, во врска со ова тој рече дека не размислува за такво нешто. Владимир Путин е претседател или премиер на Русија уште од 1999 година. Светските медиуми јавуваат дека новиот мандат на Путин доаѓа во време кога неговите односи со Западот се заострени.


Христо Марковски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.