Голден Стејт и Хјустон ќе играат седми натпревар

27.05.2018 | 10:47
Прочитано: 1170

Шампионот во НБА, Голден Стејт и Хјустон ќе го одредат победникот во финалната серија на Западната конференција во седми натпревар, кој ќе се одигра на 29 мај во Тексас.

До решавачката битка се дојде откако Голден Стејт успеа да победи во сопствената сала против Хјустон со 115:86, по заостанување во резултатот по првите две четвртини.

На полувремето Стеф Кари и компанија заостануваа со 10 поени, но потоа се разиграа и ги освоија следните две со резултат 64:25.

Кај победничкиот тим, најпрецизен беше Клеј Томпсон со 35 поени и шест скокови. Кари додаде 29 поени, пет скока и направи шест асистенции.

За Хјустон, Џејмс Харден постигна 32 поени. Тој додаде пет скокови и девет асистенции во неговата статистика.

Финалето на Истокот помеѓу Кливленд и Бостон, исто така, ќе се реши во седми натпревар, кој ќе се одигра утре рано изутрина по македонско време.

###


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.