Ѓукановиќ прогласи победа на претседателските избори во Црна Гора

16.04.2018 | 09:28
Прочитано: 688

Поранешниот претседател и премиер на Црна Гора, лидер на владејачката Демократска партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ прогласи победа на вчерашните претседателски избори.

Новоизбраниот претседател порача дека неговата победа на претседателските избори е доказ за непобедливоста на коалицијата која е на власт во Црна Гора. Тој оцени дека изборниот резултат е потврда за решеноста на Подгорица да продолжи по патот на европскиот квалитет на живот и членство во ЕУ.

„Како што веќе соопштивме, во првиот круг освоивме 54 проценти од гласовите и ги натфрливме резултатите на останатите шест кандидати. Тој резултат го сфаќам како цврста приврзаност на Црна Гора да се движи по европскиот пат“, изјави Ѓукановиќ.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.