Ѓоковиќ се врати по повредата и веднаш загуби

12.03.2018 | 09:53
Прочитано: 1072

Новак Ѓоковиќ го одигра првиот натпревар по Австралијан опен, но покажа дека има уште многу додека, барем, се приближи до својата стара форма. Во првата рунда од мастерсот во Индијан Велс, подобар од него беше 109. тенисер на светот.

Јапонецот Таро Даниел го одигра натпреварот на кариерата, славејќи против некогашниот прв рекет и еден од најдобрите тенисери во нашето време. Сепак, тој Новак Ѓоковиќ е некое друго издание од овој, кој дебитираше по операцијата на лакотот.

Ѓоковиќ беше рамноправен на Јапонецот два сета, првиот кој го загуби во тајбрејк со 3-7 и вториот, кој го доби со 6-4. Во решавачкиот сет освои еден гејм, за да изедначи на 1-1, но дури и тогаш мораше да спасува четири брејк топки. Потоа како да се пресече, не можеше да одговори на ништо од противникот и го загуби сетот со 1-6.

Ѓоковиќ отпадна од осминафиналето на Австралијан опен од Кореецот Чунг, жалејќи се на повреда на лакотот, која потоа го доведе до хируршки зафат и, речиси двомесечна рехабилигација. Делуваше дека бргу се враќа во ритам, меѓутоа физичката кондиција и играчката форма, очигледно, се нешто различно.

Во ова второ коло на Индијан Велс, прво за фаворитите, покрај Ѓоковиќ, кој беше 10. носител, отпадна и петтиот на светот, Александар Зверев, од Португалецот Соуза.. турнирот заврши и за деветтиот, Лука Пуј од Франција, губејќи од Индиецот Бамбри, како и 15. Џон Иснер, кој беше поразен од Гаел Монфис.


Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.