Германија води со 123 милијардери, во Грција има 4, а во Македонија нема ниту еден!

03.10.2018 | 12:04
Прочитано: 4102

Чешкиот картограф и матеметичар Јакуб Мариан на својата интернет страница објави карта којашто го прикажува бројот на милијардери во секоја европска земја во 2018 година. Мапата е заснована на податоци од „Форбс“.

Така, Германија води со 123 милијардери. Велика Британија има 54, Франција - 40, Италија - 43, Шпанија - 29, а Шведска - 32 милијардери.

Од словенските земји пак, Русија, очекувано, е некаде на врвот, со вкупно 101 милијардер, во Украина има седум, во Полска и Чешка по шест, и во Словачка еден милијардер. Македонија нема ниеден, а на Балканот, милијардери има само во Грција (четворица), Романија и Унгарија (по еден).

Две од најмалите држави во Европа, Монако и Лихтенштајн имаат барем по еден милијардер, што ги става на врвот на листата. Занимливо е и тоа што Луксембург годинава нема ниеден, иако 2014. таму живееја 17 милијардери со привремен престој, без државјанство.

Авторот напоменува дека таа го покажува бројот милијардери на 10 милиони житѕели, но и вкупниот број милијардери. За споредба, САД има 18 милијардери на 10 милиони граѓани, односно 585 милијардери вкупно; Кина их има 2,7 лица на 10 милиони, а 373 вкупно.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.