Германија: Доколу сите невработени би се вработиле, ќе останат 400.000 слободни работни места

17.04.2018 | 12:58
Прочитано: 2223

Германскиот економски институт потенцира дека германските компании се соочуваат со недостиг од квалификувана работна сила.

Според анализите на институтот и во случај германските менаџери да ги вработат сите невработени со соодветни квалификации, во Германија повторно ќе останат слободни 400 илјади работни места.

Германскиот пазар на труд бележи раст, при што е регистрирана најголема стапка на вработеност од кога надлежните тела почнале да го следат тој показател.

Квалификувани работници недостасуваат и поради исклучително долгиот период на економски раст, кој влезе во девета последователна година.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.