Франција тргна со убедлива победа над Бразил
11.01.2017 | 22:59
Прочитано: 1660
Со натпреварот меѓу Франција и Бразил стартуваа големите возбудувања на Светското Првенство во ракомет кое се одржува во Франција.
Имено, домаќинот на мечот кој се одигра во Париз, славеше убедлива победа од 31-16 и во целост го надигра својот ривал, недозволувајќи му во ниту еден момент да парира.
На полувремето победничкиот табор имаше предност од 17-7.
Најефикасен во победата на Франција беше Порт со 6 гола, а одличен на голот на домаќинот беше Омејер кој имаше блескава партија со 15 одбрани.
Кај Бразил се истакна Толедо со 5 гола на мечот.
Во второто коло Франција ќе се сретне со Јапонија, додека Бразил ќе ги одмери силите со Полска.
Душко Постолов
Post new comment