Физичката неактивност и седењето со мобилни телефони го искривуваат рбетот кај децата

15.04.2018 | 17:15
Прочитано: 1217

Паметните телефони, таблетите  и физичката неактивност го искривуваат рбетот на децата. Најпогодени се најмалите кои се во фаза на развој. Последниот преглед организиран од фудбалскиот клуб Галос од Штип  само ја потврдува статистиката  дека бројот на деца со рамни стапала и искривен рбет расте. Од 70 деца половина, на возраст од шест до девет години, имаат некакви проблеми со рбетот.

„Многу часови во школо, намалена физичка активност, тешки ранци, седењето пред компјутер, телефон и лаптоп, тоа се проблеми со кои се соочуваме и треба да ги решат родителите и тренерите.“ - изјави Мијалче Прошев, ФК Галос.

Спас од оваа состојба се спортските активности. Според универзитетските професори, нивен центар за оваа возраст, треба да бидат училиштата.

„Многу е важно учителите да ја сфатат важноста на физичката активност. Сега општеството е премногу насочено кон седење и неактивност. Мора да се смени целото општество. Но,  училиштето е центар и почеток каде треба да се направи нешто. Ако учениците ги едуцираат нивните учители и родители тогаш ќе бидеме во можност да смениме нешто“ - вели Марк Клос, универзитетски професор од Белгија

Спортот да се врати во училиштата бараат и спортските работници. Очекуваат дека со новиот Закон за основно образование работите од теорија ќе мрднат кон реализација. Ќе се подобри соработката помеѓу институциите и ќе се вклучат децата од пониските одделенија.

„Јас акко стручен соработник во предучилишното воспитание, тој процес го терам три годинио. децата од мала, средна и голема група и процесот затајува. Со овие измени и овој дел ќе се надмине и ќе бидеме блиску до оние европски теркови на едно поквалитетно физичко и здравствено образование во нашиот систем.“ - изјави Методи Петров, спортски работник.

Според државната статистика над  14 илјади основци и околу  10.000 средношколци имаат  рамни стапала, неправилно држење на телото или искривен рбет.


Виолета Кожинкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.