Фискална стратегија 2019 – 2020: Јавниот долг ќе се зголеми до 54,8%

24.05.2018 | 17:24
Прочитано: 4066

Рекордно ниво на задолжување планира Министерството за финансии во наредните три години. Во фискалната стратегија што Владата веќе ја усвои стои дека јавниот долг во 2020 година ќе изнесува 54,8% од БДП, што е за над 7 процентни поени повеќе од лани, кога Македонија имаше долг од 4,7 милијарди евра.

Во 2021 година долгот ќе почне да се намалува. Бруто домашниот производ во следните три години се очекува да се зголеми на 5, а буџетскиот дефицит да стигне до 2%.

Од Министерството за финансии тврдат дека и покрај зголемувањето, нивото на јавниот долг ќе се задржи во одржливи рамки без да се наруши фискалната одржливост.

„Јавниот долг на среден рок ќе има умерен пораст, но сепак ќе се движи во адекватни рамки, односно нема да ја загрози одржливоста на долгот. Се очекува продолжување на инвестициите започнати во претходниот период од областа на патна и железничка инфраструктура, енергетиката, изградбата на националниот гасоводен систем.“ - велат од министерството за финансии.

Освен изградба на капитални проекти, задолжувањето ќе се прави и за да се финансира буџетскиот дефицит и да се отплатат стари долгови. Економистите предупредуваат на умерено менаџирање со парите.

„Не сум сигурен дека треба да се продолжи со тоа темпо. Треба да се направи надолна ревизија. Има и ризици, предвидувањата за економскиот раст е многу оптимистички особено во 2000-2021, некаде околу 4-5% годишно. Ако не се оставри тоа растење на бруто домашниот ппроизвид, а се оставри дефицитот и задолжувањето кое е предвидено, нормално учеството ќе се зголеми и ќе дојде до 55-56% и тоа е веќе критично.“ - вели Никола Попвски.

Загрижува и високиот лимит на задолжување што Македонија за првпат го дефинира во процент.

„Подигањето на максималното ниво на 60% што е на границата на еврозоната, за македонија е направено како наш таргет. Ние сме средно развиена земја , а државите во еврозоната се сите високо развиени со мали исклучоци и не знам дали е можно тоа темпо ние да гоп издржиме, да го стигнеме до 60%.“ - вели Поповски.

Реализацијата на капиталните проекти во првите три месеци од годината е само 7,4%. Од Владата велат дека ќе притискаат до крајот на годината да се направи најмалку 80% од планираното.


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.