Финиширање на преговорите?

12.06.2018 | 12:17
Прочитано: 4871

Во секој момент се очекува премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, телефонски да го финишираат историскиот договор за спорот со името. Иако ниту Скопје ниту Атина, не ги откриваат деталите по вчерашниот 60 минутен прв разговор меѓу двајцата премеири, грчките медиуми повикувајќи се на свои извори пишуваат - Република Северна Македонија е името за кое се договориле Заев и Ципрас, а договорот меѓу двете земји, премиерите ќе го потпишат во текот на викендот, веројатно в  сабота во Преспа, на грчка територија. Во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма по првиот телефонскиот разговор со Ципрас, премиерот Зоран Заев синоќа  изјави дека се работи за историски договор, и дека се надева дека денеска ќе биде постигнато конечното решение за дводеценискиот  спор за името, меѓутоа  детали околу договорениот предлог ниту синоќа ниту утринава не сакаше да открие.

На изјавата на Заев дадена во емисијата „Топ тема“, дека евентуалното отфрлање на договорот со Грција ќе ги загрози перспективите на  Македонија за влез во ЕУ и НАТО и дека ќе ги зголеми внатрешните опасности „претставува очаен обид за манипулација на јавноста и наведување на македонските граѓани во пресрет на евентуално референдумско изјаснување“,  реагираа денеска преку соопштение од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.

Стратешките определби на Република Македонија за членство во Европската Унија и во НАТО се јасно дефинирани и непроменети. Зачувувањето на уставното име и изнаоѓањето на решение кое нема да предизвика уставни промени, во никој случај не е насочено против интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија и НАТО. Склучувањето на меѓународен договор содржан во еден или повеќе поврзани меѓусебни документи треба да биде во согласност со Уставот на Република Македонија, а не да предвидува негова измена.

И во Грција и натаму ситуацијата слична како во Македонија,  несогласувања меѓу власта и опозицијата. Коментирајќи го телефонскиот разговор меѓу двајцата премиери, шефот на грчката дипломатија во интервју за грчката телевизија „Kонтра“  вели го направивме решителниот чекор. Коѕијас открива името е веќе одбрано, но ќе го соопштат премиерите доколку денеска ги комплетираат деталите. 
 
Имаме многу заеднички интереси со ПЈРМ и ако најдеме решение за името, двете држави ќе станат најблиски пријатели на балканот. Ние бараме одржлив, договор на долги патеки со нашиот сосед. Целта на грчката надворешна политика е да се решат проблемите, а не да останеме покрај и со проблемите.

Доколку Ципрас му се јави на Мицотакис да го информира за договорот за името, тогаш лидерот на опозициската Нова демократија ќе побара расправа во парламентот пред да се потпише договорот, открива одговорниот за надворешна политика во најголемата грчка опозициска партија Јоргос Кумуцакос. Од партијата соопштуваат и дека лидерот , Кирјакос Мицотакис, во текот на денот ќе остври итна средба со претседателот на државата, Прокопис Павлопулос.


 


Сандра Бошковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.