Финансиска полиција го чешла комуналното претпријатие Исар

16.12.2017 | 21:34
Прочитано: 3192

Финансиската полиција ги чешла тендерите во штипски Исар. Проверува имало ли злоупотреба од претходното раководство. Сегашниот веде директор Живко Тасев вели дека досегашните проверки покажале дека се трошело прекумерно. Според набавките еден метач месечно трошел и по 30 метли

„Во рок од 9 месеци се набавени 7000 метли во вредност од 350 000 денари и ако се поделат на 20 работници, излегува дека за 30 дена се трошеле 35 метли.“ - изјави Живко Тасев, в.д. директор на ЈП Исар.

Но, не бил само тендерот за метли. Прекумерно се трошело и за телефон и бензин.  Претходното раководство на ЈП Исар наместо да ги плаќа сметките за струја и кон приватната компанија и кон ЕВН, плаќале само кон едната поради што на ЕВН, за неколку месеци, треба да му платат еден милион денари камата. Пет милиони денари тежи и тендерот за набавка на сигурносни вентили, се набавиле 1000, се вградил само еден.

Дали и за колку пари овие набавки го оштетиле претпријатието ќе покаже истрагата на финансиската полиција, која проверува и други тендери. Претходниот директор на ЈП Исар Ангел Бојаџиев не одговори на барањата на Телевизија 24 за коментар на обвинувањата. Инаку штипски Исар е заглавен во долгови. Должат 186 милиони денари, а имаат побарувања од 133 милиони.


Виолета Кожинкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.