Европскиот парламент одобри визна либерализација за Косово

13.09.2018 | 13:19
Прочитано: 6504

Европскиот парламент денеска со 420 гласа „за“, 186 „против“ и 20 „воздржани“ се изјасни за укинување на визите за патување на државјаните на Косово во земјите членки на ЕУ.

По објавувањето на веста за одлуката на Европарламентот да ја одбори визната либерализација, косовскиот премиер Рамуш Харадинај порача дека многу наскоро граѓаните на Косово ќе можат да се движат слободно низ Европа.

- Честито нека е, граѓани на Косово! Наскоро ќе се движиме слободно во Европа. Благодарение на сите пратеници и парламентарни групи, на сите партии и држави членки, кои во Европскиот парламент го поддржаа нашето право за слобода на движење, напиша Харадинај на својот профил на Фејсбук.

До конечната визна либерализација преостануваат уште неколку процедури, кои, според познавачите на приликите во Брисел, можат да потраат уште шест до девет месеци.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.