Европската унија ќе забрани производи со различен квалитет за европски и други пазари

14.09.2018 | 18:40
Прочитано: 6042

И Македонците ќе јадат чоколади и ќе користатат шампони со ист квалитет како Европјеците. Европската Унија ја забранува шкарт робата за источните пазари. Европскиот парламент со мнозинство гласови од дури 464 гласа За,  го изгласа извештајот за различниот квалитет на производите за источните и западните пазари.

Ова значи дека Европската Унија призна дека големите светски брендови произведуваат исти производи со различен квалитет. Подобрите за западните европски земји, полошите за Балканот.  

Сега следува промена на директивите за нечесната пракса, но и формирање на посебно европско тело што ќе занимава со регулативата и контролата на пазарите.

„Сфативме дека нема регулатива која го уредува тој квалитет, не можете да го казните прозиводителот зосшто продавал во една земја еден квалитет и измислувал приказна дека детергентот е различен, а во друга земја е поинаков. Исто и за млекото, козметичките производи, сега и за храната. Најголема врева се крена за храната.“ - вели Маријана Лончар, Организација на потрошувачи.

Големите брендови го намалуваат квалитетот на производите за да биде атрактивен со цените, со што го уништуваат и домашното производство.

Македонија не направила истражување, зашто тоа чини многу пари, вели Лончар, но искуствата од другите земји покажале дека пастите за заби, детергентите, чоколадата, шампоните,  па дури и кондомите, белата техника и козметиката се со далеку послаб квалитет кај нас.

„Нашите институции се грижат за безбедноста на храната, квалиутете не претставува нешто што не е безбедено. Проблемот беше што ние како потрошувачи треба да имаме еднаков квалитет секаде каде се наоѓаме.“ - вели Лончар.

Хрватска европарламентарка Биљана Борзан, е најзаслужна за овој успех на балаканските земји. Таа иницираше истражување во Хрватска со кое се покажа дека за ист производ земјите добиваат различен квалитет. 

Ова беше неправда за граѓаните. Со право се чувствуваме како граќани од втор ред, рече Борзан вчеа пред Европскиот Парламен.

Со новите директивни компаниите ќе бидат казнети доколку се утврди дека продаваат исти производи со различен квалитет.


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.