ЕУ ќе додели една милијарда евра за Западен Балкан за 2018 година

07.02.2018 | 11:21
Прочитано: 2087

Државите од Западен Балкан во 2018 година ќе добијат над една милијарда евра од Евроската унија за подготовки за членство, се наведува во Декларација на Еврокомисијата по повод прифаќањето на Стратегијата за проширување на ЕУ кон Западен Балкан.

Од 2007 година до 2017 година ЕУ вложиле над 8,9 милијарди евра во држави од тој регион преку претпристапната помош. Во 2018 година се очекуваат уште 1,08 милијарди евра, се вели во документот.

Новата стратегија на ЕУ во однос на балканските држави беше претставена вчера во Стразбур.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.