Ердоган убедливо води на предвремените претседателски избори во Турција

24.06.2018 | 19:59
Прочитано: 9038

Според првичните неофицијални резултати од претседателските избори во Турција, во убедливо водство е актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган со освоени околу 56 насто гласови, пред неговиот главен противкандидат од републиканската партија, Мухарем Инџе кој освои околу 29 насто од гласовите. За победа во првиот круг се потребни минимум 50 насто од гласовите.

Според резултатите за гласањето на парламентарните избори, кои се одржаа заедно со претседателските, според прелиминарните и неофицијални резултати, Сојузот Џумхур во кој е Партијата за правда и развој на Ердоган освои над 58 насто гласови. Право на глас на изборите имаа 56 милиони граѓани, а излезноста беше околу 87 проценти.

Во текот на изборниот ден, опозицијата обвини за изборни нерегуларности на немирниот југоисток на државата. Агенцијата „Анадолија“ објави и дека десет странски лица пријавени како набљудувачи биле отстранети и против нив биле покренати постапки поради мешање во текот на изборите. Актуелниот претседател Ердоган по гласањето најави поинаква слика за Турција.

„Со претседателскиот систем Турција сериозно се издигнува на ниво над современите цивилизации. Ветувам поголема демократија, повеќе слобода, поголем економски раст“ - рече Ердоган.

Неговиот противкандидат Инче од Републиканската партија се надеваше на втор круг претседателски избор.

„Според измените на Уставот се е во рацете на една личност, и буџетот и судството и легислативата. Сето ова не може да припаѓа само на една индивидуа“ - рече Мухарем Инче.

Турскиот парламент, согласно законските промени, во иднина ќе има 600, наместо 550 пратеници. Ова се први избори одржани во вонредна состојба, воведена по обидот за државен удар во јули 2016 година, како и откако на 16 јули минатата година граѓаните на референдум се изјаснија за воведување претседателски систем за водење на државата.


Христо Марковски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.