Ердоган повика граѓаните девизите да ги променат во лири

27.05.2018 | 14:15
Прочитано: 7980

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика граѓаните своите заштеди во девизи да ги променат во лири, во обид да ја поддржат националната валута.

„Моите браќа, кои имаат долари или евра под перниците, да одат и да ги заменат во лири. Заедно можеме да се бориме против овој заговор“ - рече Ердоган.

Говорот беше дел од изборниот митинг пред предвремените парламентарни и претседателски избори закажани за 24 јуни. Турската валута загуби околу 16 отсто во однос на доларот во изминатиот месец. Турските власти соопштија дека падот на лирата е заговор од неименувани странски сили за да се ослабне земјата.

 

 

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.