ЕП ракомет 2018: Хрватска импресивна против Србија

13.01.2018 | 11:09
Прочитано: 1750

Домаќинот на Европското ракометно првенство, репрезентацијата на Хрватска оствари убедлива победа со 10 голови разлика (32:22) во дербито со Србија.

Предводени од Лино Червар на селекторското место и од Лука Циндриќ на плејмејкерската позиција, Хрватите ја потврдија улогата на фаворит и на задоволство на 11-илјадната публика во „Спаладиум Арена“ ги освоија првите два бода.

Вардарецот Циндриќ беше задоволен од начинот на кој неговото репрезентација го отвори првенството.

- Важно е што стартувавме со победа. На крајот победивме со неочекувано висока разлика. Им честитам на моите соиграчи за борбеноста од првата до последната минута. Игравме така како што се договоривме, изјави Циндриќ.

По првата рунда во А-групата, Хрватска и Исланд имаат по два бода, Шведска и Србија се без бодови.

Првото коло синоќа се комплетира и во Б-групата, по кое првите победи ги постигнаа Франција и Белорусија над своите ривали Норвешка, односно Австрија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.