Ентони Бурден е пронајден мртов во хотелска соба

08.06.2018 | 14:06
Прочитано: 3790

Познатиот американски готвач, писател и раскажувач Ентони Бурден (61) е пронајден мртов во неговата хотелска соба. Причината за смртта е самоубиство, пренесува CNN.

Бурдан, кој е роден во Франција бил пронајден мртов во хотелска соба од негов пријател. Тој работеше во Франција на нова епизода од неговата наградувана серија „Непознати делови“.

„Ентони сакаше авантури, нови пријателства, добра храна и пијалоци. Неговиот талент за готвење и раскажување не воодушевуваше секогаш“, велат од CNN.

Преку неговите книги и ТВ-серии, тој ѝ помогна на публиката поинаку да размислува за храната, патувањата и за себеси, добивајќи голем број награди за својата работа, при што го следеше прекарот на „рок ѕвезда на кулинарскиот свет“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.