Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Интервју со академик Љупчо Коцарев претседател на МАНУ: Македонија е се уште заробена држава


Пандемијата ја одлага и посетата на Пендаровски во Ватикан, средбата со папата и деновите на словенската писменост. Велигденски контрасти со километрите на Лозано.


Како е да си изолиран во центарот на Google? Дали Бил Гејтс предупреди на пандемија или отсега ќе ја контролира разврската? Ковид 19 ќе биде психолошки тест за луѓето и, терапевтите? НАТО Е затечен - ќе порасне национализмот наспроти колекттивизмот. Гевгелија затворена порта кон ЕУ - ги нема грците и обртот од 100 милиони евра во казината и стоматолошките ординации Трилинг со одделни интервјуа за заедничка траума.


Следува нова цивилизација на солидарност или свет на сиромаштија. Мерките на изолација се неопходни, но допрва ке ја оценуваме регресијата врз демократијата, вели за Трилинг униврзитетскиот професор и претседател на МОК. Банкарски поглед од Њујорк – 10 милиони во САД досега се без работа. Но кому служат огромните печатења на долари? Одговор од Борјан Пановски, финансиски консултант.


И опозиција и власт, кога е веродостоен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ? Трилинг со сведоштво за морничавоста во Мадрид и Шпанија. Дали вирусот ќе ги инфицира надежите за конечен почеток на преговорите со екипите од Унијата?


Економскиот шок во светот и за Македонија допрва претстои. Фирми без работи, вработени без плати, дали се загрозени и пензиите? Светот пред нови безбедносни ризици, велат соговрниците на Трилинг.


Сестрите и лекарите од инфективна се новите јунаци на животот. Психијатрите предупредуваат - ќе се живее со нови стресови. ВМРО-ДПМНЕ не смее да биде заложник на квази-патриотизмот на груевски, вели Љубчо Георгиевски во интервју за Трилинг.


Искуствата од пред пет години го вклучуваат алармот пред новата бегалска криза. Што ако Србија ги затвори границите, а жиците во Гевгелија попуштат? Машки муабети-жените го преземаат тронот во менаџерството и амбициите. Како фирмите го прифакаат налетот на амбициозните дами од современиот свет? Какви се шансите на предизборната коалиција СДСМ - БЕСА? Кој се надева дека ќе го победи ДУИ и Ахмети?


Мерките се динамични. Изолација и во македонските касарни. Хрватски искуства, штипски страувувања од вракањето на работниците од Италија. Политички вирус - кој се ефектите од коалицијата СДСМ - БЕСА. Дали Заев и Ахмети миксираат конфликт? Колку Касами би бил мост за идната влада? Трилинг со серијата – каде заминуваат докторите.


Кампања со ривалитет на идеи или јавна судница на лидерите и криминалот, интервју со професорот Ненад Mарковиќ од правниот факултет. Избори со многу исчекувања и лицитација за гласачи – кој повеке ќе вети, интервју со бизнисменот Горан Рафајловски.

Валкано производство на струја во РЕК Битола. Локалните олихарси во спрега со менаџментот. Кога гас до термоелектраната која ја одржува стабилноста на струјата и цената? Интервју со генералниот директор на РСМ Васко Ковачевски.

Дали преку ХЕЦ Чебрен ке се отуѓат и водите? Како Алкалоид вложува во кадри и нивниот развој.