Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Дали приватните болници бескрупулозно профитираат од немоќта на пациентите?


Вакцини за масовна имунизавија нема. Крах на дипломатијата, неспособност на државната администрација и утешителни вербални ветувања. Болниците се полнат, пандемијата ги зароби граѓаните, владини функционери со елитистички хедонизам и одмори. Зарем нема етички кодекс за функционерите.

Трилинг во соседството. Избори, мафија и криминал, нерешени проблеми. Дали подземејето му подготвувало атентат на Вучиќ? Како земунскиот клан го замени Беливук.

Кога пандемијата ќе се романизира. Владимир Јанковски со најдобар роман минатата година.


Заев нуди коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ, слабост или мамка? Имунизација во Македонија, доби филмско сценарио со криминално-клиентелистичка фабула. Дали првите социјалдемократи ги поделија сферите на влијанија и полтронството кон бизнисмените вплеткани во илегалните бизниси? Како е гласана пресудата за Сашо Мијалков? Кој му дошепна на Бебо? Дали свесно се премолчаа информациите за неговото бегство?


Мијалков се врати. Каква драмулетка за македонската политика, судство и полиција. Дали со пресудата за екс-разузнавачот завршува агонија од масовното прислушување?

Како ќе се демонтира длабоката држава? Кој и како ги следел трагите на првото неуспешно бегство на Мијалков? Што порачуваат сојузниците?


Расте националистичката реторика што го запира добрососедскиот дијалог меѓу Софија и Скопје. Претседател на Уставен, на Врховен, на Управен, на Граганскиот суд. Дали е тоа моќ на Ахмети или Заев гради општество на еднакви можности? Биби влезе во нашите домови. Тв серија за анимација на најмалите. Како се живееше во семејството на Крсте и Стево Црвенковски?Трилинг репортажа - На пат за Кочани. Соговорниците на Трилинг отвораат и нови видогледи. Изборот е неделен, но дилемите се секојдневни.


Дали Каракачанов и Бугарија очекуваат да ја обезличат македонската партија ДПМНЕ без ВМРО Ќе успее ли пописот? Кој беше виновник за претходното фијаско од 2011? Колку Македонци живеат во државата? Ковид геостратегија - каде почнува заштитата и стартува поделба на штета на превенцијата.

Тв колумна на Анастас Вангели, доктор по општестевни науки и предавач на шангајскиот кампус на Анже во Франција.

Трилинг ви нуди тековни теми и повеќе лични ставови на соговорниците.


Дома розови очила - од  надвор абери за кoрпција, Сeверна Македонија е хибриден режим. Дали Софија и Скопје го попуштаат клинчот, како да се разговара со речник на исклучивост? Јавна соба за тајната неморалност  и на општеството. Зошто тактизираа обвинителството и МВР? Откраднати профили или берза за порнографија и понуди од ескорт дами? Како македонската концертна мелодика го пренесува  богатството на домашната музика? Рекапитулар за најпродавани книги во државата.

Трилин пред една година го промовираше будење на совеста од тандемот Ангеловска - Витошевик.


Интервју со Вилма Русковска шефица на Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција


Интервју со претседателот на Владата Зоран Заев. За приоритетите и стратешките правци на новиот американски претседател Џо Бајден, разговор за приоритетите со Љупчо Поповски новинар и колумнист на Независен и Дојче Веле.