Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Фудбалската репрезентација, борбена, единствена и хомогена, дома поделени


Софија-Скопје-Рим. Дали патриотите Пендаровски и Радев може да ја одмрзнат Северна Македонија? Сесловенскиот Кирил може, балканскиот Цар Самоил не може, разговор со новинарот Марјан Николовски. Отворен граничниот премин кон Грција. Испостена Гевгелија очекува економско заздравување, репортажа од Гевгелија и граничниот премин Богородица. Подмладување на СДСМ. Нови сили од стариот Заев. Дали меќиот лидер може автократски да владее? Интервју со Никица Бачовски член на најтесното раководство на СДСМ. Џијан Емин, мултиинструменталист, го објави првото CD.


Премиерот Заев со последна надеж во Брисел. Со Северна Македонија нема прекројувања на балканските граници. Дали НАТО-членка може и тоа да и се случи? Историјата не е критериум. Дали е тоа доволно да се отстрани ветото од Бугарија? Зошто и досега не е замрзнато богатството на алчните од власта? Потекло на криминалниот имот, но, дали и ретроактивно? Македонски парадокси. Новата мафија ја обновува бегалската траса и преку Балканот?

Трилинг со нова понуда од информации и соговорници.


Претседатели против Заев. Пендаровски со Мицкоски, Црвенковски се можен партиски удар во СДСМ. Дали е на повидок амнестија за Чавков и осудените за парламентарниот пуч? Како за Бајден нападот врз Конгресот е тероризам?

Секоја власт ги врзува во клиентелистичко подаништво бизнисмените и партиските првенци. Рама трет мандат, Борисов со пад. Албанија забрзано во преговори, Бугарија со блокирање на Северна Македонија. Изборна слика.


Ликовниот уметник Сергеј Андреевски, Марија Димишкова - основач и едукатор на Центарот за јавно говорење и Ива Дамјановски поетеса, гости во новото издание на ТВ магазинот Трилинг.


Тројца соговорници за корупцијата во општеството и меѓу носителите на власт. Скапата хидроцентрала Чебрен со странски пари и компании? Дали ова јавно-приватно партнерство ќе успее без скандали? Зошто сега се тестира и црта  прекројување на границите во регионот? Дали Балканот е се подалеку од ЕУ?


Кој е и кому му припаѓа Венко Марковски? Поет на првата песна на македонски литературен јазик, иницијатор на АСНОМ и на Главниот штаб на партизанската војска Досидент или предавник на македонската кауза по бегството во Софија каде е член на бугарската академија и ја опеа бугарската држава од 9тиот до 20тиот век. Диме Ратајковски, новинар и автор на документарниот филм за Венко Марковски.

Во Трилинг и  ексклузивни кадри од филмот за Венко Марковски.

Во Трилинг и предизборна анализа за Албанија и какви беа ефектите од либералниот  пристап на Шведска во справувањето со Ковид 19.


Берзата е огледало на македонската приватизација и акционерството. Како се создаваа финансиските диверзии врз наглиот пораст на акциите? Како се врши непријателско преземање на компаниите под притисок на властите и со шпекулативен црн капитал? Бугарија меѓу заминувањето на Борисов и партиите на статус кво, што не се одлепија од скутот на Москва. Како до нова влада со и без младежта околу тв шоуменот Трифунов? Замина еден непристрасен новинар со глас на трезвеност во конфликтноста меѓу Софија - Скопје. Ѓорги Ковитаров. Нашиот столб на пишаната реч и говор е македонскиот јазик.


Пандемијата не ја уби надежта - фудбалерите го враќаат оптимизмот дека и државата има шанси. Парализираниот парламент оди на рехабилитација. Наместо избраници на граѓаните, послушници на лидерствата. Дали алтернатива е безалтернативна? Дали со  пропаднатиот попис тандемот Гаши - Села сакаат да го детронизираат Ахмети? Корупцијата е пандемија за македонското општество. Последни опомени за Заев и Мицковски. Во криза се инвестира - како до странски инвестиции