Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Трилинг - Дали идната година конечно ќе имаме јасна демографска слика колку граѓани живеат во Македонија?


Има професии и личности кои стануваат прототип на вирусот. Тие се новите ликови за природната вакцина на ова драматично време. Договор за пријателство со непријателски мини. Што сака Софија, што не може Скопје? Ковид творештво од стихови до стрит култура.


Затишје пред бура - Кој ќе ја формира новата Влада? Квиз прашање за милион долари? Државата има пари до септември тврди Стопанската комора на Македонија. Какви ќе бидат последиците врз компаниите се одолговлече формирањето на Владата и пандемија со коронавирусот продолжи да се шири? Стела е првиот долгометражен филм за деца.
 
Трилинг со Горазд Чомовски и неговите соговорници Марко Трошановски од Институт за Демократија, Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори и Стојан Вујичиќ, режисер на филмот Стела.

Кој ќе ја состави новата Влада СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ? Кој ќе биде премиер Заев, Мицкоски, Зибери? Ахмети им намигнува и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на Левица Димитар Апасиев фактор на Обединување или политичко-партиско разнебитување? Следете Трилинг со Горазд Чомовски и неговите соговорници политикологот Митко Гаџовски, универзитетските професори Шпетим Латифи и Бранимир Јовановиќ. Антивладини демонстрации во Софија поради растечката корупција. Ќе падне ли владата на Борисов? Сликата од Софија за Трилинг ни ја пренесува директорот на новинската агенција БГНЕС Љубчо Нешков.


Во Трилинг со министерот за здравство Венко Филипче, д-р Андон Чибишев и Елвис Шаќири од „Ромалитико“. Македонија е италијанска Ломбардија на Балканот. Власта и опозицијата во клинч. Ковид 19 – по изборите и митинзите кој ќе биде заразен и лекуван? Кои се ризиците што треба да се совладаат? Драматични сомнежи - вирусот лебди и во воздух? СЗО не исклучува мобилизација на сите доктори – дали има комоција меѓу клиничарите? Заврши политичкото тестирање за пратеници на Ромите. Блокада на лицимерието и дискриминација - на 8 април Роми, другите денови цигани. Здрави и живи да ја избереме идната власт.


Некретивна кампања со милион идеи, но без важните приоритети на новото време, оценува Анѓелка Пеева-Лауренчич. Во Трилинг и блиц репортажа од „мртвиот “ премин Богородица - Евзони. Ги нема и Грците во казината и забарските ординации.


Александар Диневски вели дека нема спас од безбедносните папараци и овие македонските изборни и политички пресметки. Дали екс-претседателот се уплаши од големиот влог да го спасува Груевски со воена состојба на 27 април и упадот во Собранието? Проф. Вели Креци открива дека како член на Советот за безбедност не бил прашан како да се регира на институционалниот пуч во Собранието. Во Трилинг интервју и со потпредседатлот на СДСМ Коста Петров наш потпредседател кој е албанец.


Премиер Албанец е последниот блеф на безидејниот Ахмети. Лидерот на Алијансата оценува дека интегративците се нервозни поради падот на рејтингот и влијанието на ДУИ. Во Трилинг интервју со Димитар Апасиев, шеф на македонската Левица, чија идеологија е негација на досегашните политики и одлуки. Трилинг ја тестираше и веројатноста за голема коалиција или концентрациона влада, ако не може да избере политичка влада во парламентот.


Во Трилинг – како Никоб стана лидер во обезбедувањето? Дали Кирил Лазаров е новиот Мијалков, со линкови до власта и црковниот врв? Зошто од македонските банки без украдени 1о-тина милиони евра? Поефикасна е вакцината, побрзо ќе се стигне до лек, вели професорот Лабачевски.


Екс-министерот Никола Тодоров со сугестија до сопартиците. Опозицијата треба да бара избори веднаш, за да победи. Избори што поскоро. Ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ, кој и да победи, не може сам да се справи со ковид 19 и економската депресија. Никола Тодоров, министер во владите на Груевски самиот си определи период на политичка апстиненција.

Но не е без амбиции, па вели кога би бил лидер на опозицијата веднаш би барал избори, би победил и би составил концентрациона влада. Екс-министерот за образование и здравство во интервју за трилинг вели дека вината не е во луѓето, туку во несовесноста на политичарите, верските водачи и нереалните лидерски амбиции.

„Кога би бил Мицкоски или лидер веднаш во влада би ги повикал противниците”.

Кој ја диктира играта на тронови во ВМРО-ДПМНЕ - актуелниот лидер, унгарскиот клон или се уште неприкосновениот Мијалков? Писателот и сатиричар Божидар Божиновски - Килингтон за Трилинг одговара дека новата нормалност е иста со старата, само со маска. Рапорт од Милано – како градот на модата се буди од корона анастезијата на телото и духот?